Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ќе започне нова фаза од мировните преговори меѓу лидерите на етнички поделениот Кипар на 7 ноември во Швајцарија, соопшти Светската организација.
– Тоа е критична пресвртница во мировниот процес, изјави специјалниот пратеник на ОН за Кипар, Еспен Барт Ејде.
Лидерите на кипарските Грци и Турци ќе разговараат за размена на територии за време на еднонеделните консултации во туристичкиот центар Монт Пелерин.
– Средбата ќе биде посветена на територијалните спорови, како и останатите нерешени прашања, истакна Ејде.