Преговорите за Кипар продолжуваат во Швајцарија

Од:

Преговорите за решавање на кипарското прашање ќе продолжат во Швајцарија, каде што лидерите на етнички поделената островска држава ќе се сретнат наредниот месец, стои во соопштение на Обединетите Нации.

Разговорите ќе се водат во Мон Пелерин, од 7 до 11 ноември, при што акцентот ќе биде ставен на територијалните аспекти на кипарскиот проблем, пренесува БТА.

Во соопштнието се наведува и дека на вчерашната средба во Никозија, лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадис и претставникот на турската заедница Мустафа Акинџи изразиле надеж дека разговорите во Швајцарија ќе го подготват теренот за последната фаза од преговорите. Ако двете страни постигнат спогодба, тоа ќе оди на референдум.

Претходниот план на ОН за решавање на кипарскиот проблем беше отфрлен на референдум во 2004 од страна на грчката заедница поради недостиг од гаранции за немешање на Турција во внатрешната политика на Кипар.

Мировните преговори за Кипар се водат од 1974 година. Дипломати велат дека Анастасијадис и Акинџи се умерени политичари и се досега најдобрата можност за постигнување спогодба.

Островот беше поделен по турската инвазија во 1974, причинета од обид за воен преврат на грчки анексионисти, кои имаа за цел Кипарската Држава да ја присоединат кон Грција. По неуспешниот воен удар, 30.000 турски војници останаа во северниот дел на државата, којшто е признат како независна држава единствено од Анкара.

Двајцата лидери повеќе од една година водат разговори во Никозија. Сепак, за очекување беше најкритичните етапи од преговорите да бидат спроведени в туѓина, за да се избегне евентуално протекување информации, што би ја компромитирало преговарачката тактика на двете страни, посочува БТА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение