Преговорите на Грција со тројката во Париз „бавни и детални“

Од:

Грчка владина делегација, предводена од министерот за финансии Гикас Хардувелис имала „бавни и детални преговори“ со тројката меѓународни кредитори за буџетот за следната година за време на вчерашниот прв ден од разговорите во Париз.

Состанокот траел до доцните вечерни часови, а извори од делегацијата за грчките медиуми соопштиле дека двете страни го разгледуваат буџетот „ред по ред“ со цел да ги решат сите разлики кои постојат. Тројката инсистира на тоа дека проекцијата на Атина дека следната година нема да има фискален јаз, не е во ред. Кредиторите на Грција проценуваат дека ќе има дефицит од две до три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Атина.

– Нашата цел е ревизијата да заврши, изјави Хардувелис по пристигнувањето во Париз. Грчката Влада се надева дека на разговорите во францускиот главен град ќе се најде доволно заедничка основа за тројката инспектори да се врати во Атина за да ја заврши ревизија на грчката програма за штедење.

Тројка Париз

Се очекува двете страни денеска да разговараат и за други прашања, како што е реформата во пензискиот систем и платите во државната администрација.

Во меѓувреме, претставник на Европската комисија за „То Вима“ изјавил дека „се вложуваат сите напори со цел да се постигне договор“и истакнал дека „постои волја“ за да се стави крај на преговорите. Европскиот дипломат исто така појаснил дека Комисијата не бара намалување на пензиите, како што објавија медиумите, туку „промени во системот“.

За разлика од Европејците, ММФ не е толку оптимист во своите проценки и инсистира на тоа дека постои огромен буџетски дефицит. ММФ проценува дека во Париз нема лесно да се постигне договор, ниту пак верува дека ревизијата ќе заврши, освен ако тројката во полн состав не се врати во Атина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит