Еврозоната денеска преку Европскиот стабилизациски механизам ја префрли првата транша од помошта за Кипар.
Финансиската помош за Кипар изнесува 10 милијарди евра за три години, а првата транша е две милијарди, додека втората транша од една милијарда евра треба да бида префрлена до 30 јуни.
Средствата од првата транша се наменети за финансирање на кипарскиот јавен сектор и државните финансии.
– Со заемот Кипар ќе може да ги направи неопходните реформи за обновување на економијата, изјави шефот на Фондот, Клаус Реглинг.