ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вирусот „Западен Нил“ во Србија

Од:

Вирусот „Западен Нил“, е регистриран и кај пет пациенти во Србија.

Покрај 5-мината заболени, кај што е регистриран вирусот, уште 12 други лица се под посебен третман за да се потврди дали се заразени.

„Тоа е глобална инфекција. Вирусот се шири меѓу птици, а инфекцијата од птици на човек се пренесува преку тигрестиот комарец. Болеста минува без симптоми или со благи симптоми како кај грип додека само кај еден отсто инфицирани се јавува тежок облик и воспаление на мозокот`“, рече Драган Делиќ, директор на Инфективната клиника, за Блиц.

Како што кажа Делиќ тоа не е карантинска болест бидејќи не се пренесува од човек на човек.

Западен Нил досега не е регистриран во Србија и тој воглавно е поврзан за поднебја со високи температури како Египет, Тунис и Турција.

„Тигрестите комарци кај нас се намножија поради големите жештини. Не сите пациенти кои се заразени биле на летување вон граници на државата. Доволно е еден турист да дојде инфициран, да добие убод од комарец и да се пренесе на друг човек“, рече епидемиологот, Бранислав Тодоровиќ.

Пациентите во Србија немаат најтежок облик на болеста туку средно ниво (слабост на телото и зголемена телесна температура).

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски