Предлог: Жителите на грчките острови да добијат Нобелова награда за мир

Од:

Активистите од социјалните мрежи предлагаат на жителите на грчките острови да им биде доделена Нобелова награда за мир поради нивната солидарност и сочувство кон бегалците, објави денеска грчкиот весник „Етнос“.

Во рамките на кампањата активистите на интернет објавија две резолуции. Во едната резолуција се предлага Нобеловата награда за мир да им биде доделена на жителите на грчките острови во Егејско Море, а со другата резолуција Нобеловата награда за мир да им биде врачена на жителите на островот Лезбос и на организациите кои се посветени на бегалците. 

За двете резолуции досега се собрани повеќе од 55.000 потписи. Меѓу иницијаторите се и познати личности, како актерката Сузан Сарандон, кинескиот уметник Ај Вејвеј и други.

Британската актерка Венеса Редгрејв денеска ќе го посети островот Лезбос. 

Би можело да ве интересира

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска

Почнува неделата на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европските социјалисти: Дачиќ и Тачи да добијат Нобелова награда

Емир Латифовиќ

Дачиќ: Подобро Нобел, отколку Хаг, Тачи горд на номинацијата

Ана Ололовска