Пред Народното собрание на Бугарија ќе бидат организирани два протеста – едниот за, а другиот против давање воена помош за Украина, јави дописникот на МИА од Софија.
Во неколку големи градови во Бугарија вчера имаше протести против давање воена помош за Украина.
Претседателот на Бугарија Румен Радев од Пловдив вчера ги критикуваше плановите на владата во Софија за воено-техничка помош на Украина.
Поборниците на идејата Бугарија да им се придружи на земјите кои ја поддржуваат Украина со воена помош се собираат пред официјалниот влез на парламентот на плоштадот Народно собрание во Софија.
Извор: МИА