Пред крај изградбата на ѕидот на турско-иранската граница

Од:

Турција речиси ја заврши изградбата на ѕидот на границата со Иран, се наведува во извештајот претставен на парламентарната поткомисија за миграција, јави весникот „Милиет“.

Досега Турција има изградено ѕидови со вкупна должина од 1.079 километри долж нејзините копнени граници за да спречи илегален влез на мигранти, особено преку нејзините источни граници. Во голема мера е обезбедена контрола и на граничната линија со Иран преку која во земјата влегуваат мигранти од Авганистан и Пакистан, потсетува весникот.

Речиси е завршена и изградбата на 1.021 километар гранични патролни патишта, како и 341 кула.

Говорејќи пред поткомисијата при презентацијата на извештајот, Мехмет Емин Билмез, поранешен гувернер на областа Ван која се граничи со Иран, рече дека целта на Турција е да му покаже на светот дека нејзините граници не можат лесно да се преминат.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава