Пратениците од српската опозиција: Бараме предвремени избори

Од:

Во Собранието на Србија денеска се одржува петтата вонредна седница на која се расправа за 25 точки од дневниот ред, меѓу кои се ребалансот на буџетот, изборот на министер за економија, акцизите, пензиското и инвалидското осигурување и управувањето со фирмите сопственост на државата. Претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ, на барање на 104 пратеници, за денеска со почеток во 10 часот ја свика петтата вонредна седница.

Пратениците од опозицијата одржаа, половина час пред почетокот на седницата, прес-конференција во собраниската сала на која порачаа дека ќе ја блокираат работата на денешната седница на Собранието се додека не се исполнат нивните барања – одржување на вонредна парламентарни и избори во Белград.

Не прецизираа како ќе ја блокираат работата на Собранието. Конференцијата ја одржаа Мирослав Алексиќ, Радомир Лазовиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Мариника Тепиќ, Зоран Лутовац…

Дел од пратениците од опозицијата кои се заканија со неодговорно однесување на седницата на Собранието, која се уште не е започната, сочинуваат само една осмина од парламентот, односно вкупно 38 ги има во клупите.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи