Пратенички од 12 земји од ЈИЕ потпишаа декларација за унапредување на соработката

Од:

Пратеничките од 12 земји од Југоисточна Европа потпишаа денеска во Собранието на Србија меморандум за соработка, кој има цел унапредување на состојбата на половата рамноправност во тие земји, изјави претседателот на Женската парламентарна мрежа во Собранието на Србија, Марија Обрадовиќ.

Таа на прес-конференција, по завршувањето на дводневната конференција на пратеничките од ЈИЕ, изјави дека тие се обврзале во следните години да соработуваат на изготвување закони и следење на нивното спроведување, а со цел унапредување на состојбата на родовата рамноправност.

– Ќе имаме заеднички иницијативи, но и идеи во областа на борбата против насилството врз жените, економското зајакнување на жената и поттикнување на поголемото учество на жената во политиката. Ќе вложиме максимална енергија и труд за да ја унапредиме состојбата на родовата рманоправност во ЈИЕ, изјави Обрадовиќ.

Во српското Собрание вчера и денеска е одржана конференција на пратенички од ЈИЕ, на тема „Рамноправни и зајакнати – заедно сме посилни“, а во чија работа учествуваа 50 пратенички од 12 држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик