Познат идентитетот на убиените деца во масакрот во училиштето во Србија

Од:

Во пукањето што се случи утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, загинаа осум деца и еден обезбедувач, а ранети се шест деца и еден наставник кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар во Тиршова.

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Од ОУ „Владислав Рибникар“ во Ургентниот центар се донесени четири лица. А.Б има повреда на коленото. Х.К. има повреда на раката и стомакот. Татјана Стевановиќ, наставник по историја, (1970) има повреда на стомакот. Во Ургентниот центар е примено и машко дете чиј живот е во опасност, застрелано е во вратот.

Во Тиршов биле донесени три деца. В.М има прострелни рани во рацете и нозете. Ј.Д.(2010) има повреда на бутот. На оваа детска клиника е примено уште едно дете кое има повреда на главата и е во животна опасност.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски