Познат идентитетот на 13-годишникот кој пукаше во училиште во Белград: Коста Кецмановиќ уби најмалку осум деца

Од:

Ученикот Коста Кецмановиќ (13) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска крвавиот пир почна токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, чиј час утрово упадна и почна да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

Прво пукал во учениците и наставничката во кабинетот по историја, а потоа продолжил.

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ има видно вознемирени деца, но и нивните родители.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата