Познат хрватски угостител држел Непалци како робови на островот Вис, граделе кокошарници за беспари

Од:

Хрватските служби за борба против организиран криминал отворија истрага против 58-годишен жител на Загреб, кој имал куќа на островот Вис – тој се сомничи дека се занимавал со трговија со луѓе, соопштија властите.

Осомничениот, според пишувањата на медиумите познат загрепски угостител, од декември лани до 20 јуни годинава, со измама го искористил нелегалниот престој и нерегулираниот работен статус на четворица државјани на Непал, како и нивната лоша финансиска ситуација, за да ги врбува да работат за него – главно да градат кокошарници и куќи од камен, без да им плати, соопшти Службата за организиран криминал.

Тој ги присилувал да работат, не им плаќал ништо и ги држел во несоодветни услови, пред да ги одведе на островот Вис, каде им ги одзел документите и им ја попречил слободата на движење, пренесува Индекс.хр.

Осомничениот, кој сега е во притвор, ги држел во заблуда Непалците дека ќе можат слободно да се движат откако ќе добијат работни дозволи и ќе го регулираат нивниот престој во Хрватска, иако знаел дека не можат да го сторат тоа, велат хрватските власти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони