Голем шумски пожар беснее од вчера во централниот дел на полуостровот Пелопонез, во Јужна Грција, јави БТА.
Поради силниот ветер огнот беснее и загрозува населено место, чии жители се евакуирани, бидејќи пожарот стигнал на стотина метри од куќите.
Во населбата Ватија, која се наоѓа во областа Мани, се испратени пожарникари и авиони, за да се борат со огнената стихија, која зафати нискостеблеста шума.
На полуостровот Пелопонез беснее и друг пожар во реонот на Коринтија. Огнот е опасен, бидејќи е во близина на населено место.