Стотици хрватски пожарникари денеска се обидуваат да ги изгаснат пожарите долж брегот на Јадранско Море.
Поради ветерот денеска повторно избувнаа пожари, што претходно беа изгаснати.
Пожари денеска избувнаа на островите Корчула и Брач, како и на неколку други места поради исклучително високите летни температури. Во нивното гаснење учествуваат авиони и хеликоптери, како и хрватската армија.
Хрватската полиција денеска соопшти дека привела 24-годишна жена под сомнение дека намерно предизвикала неколку мали пожари на Корчула.