Пожари беснеат во Јужна Грција

Од:

Силни шумски пожари беснејат во југо-источниот дел на Атина. Огнот им се заканува на неколку села во областа Кератеа, 40 километри од Атина.

Засега ниедна куќа посериозно не е оштетена, меѓутоа целосно изгореле 25 возила во сопственост на голема компанија за производство на сладолед. При гаснењето на пожарот повредени се двајца пожарникари, но нивната состојба е стабилна. Во областа Палеа Фокеа, 44 километри од главниот град, појужно од првиот пожар, евакуаирани се штитениците на дом за грижа за стари лица.

Градоначалникот на Сароникос Петрос Филипу информира дека областа меѓу Палеа Фокеа и Лавреотики целосно е изгорена.

Шефот на грчката цивилна заштита Елефтериос Иконому соопшти дека Грција побарала помош од ЕУ за борба со шумските пожари кои вчера неочекувано избувнаа.

Вршителот на должноста премиер Панајотис Пикраменос вечерта пред решавачките и историски парламентарни избори за Грција ја мина во оперативниот центар на противпожарната служб и ја следеше борбата со огнената стихија, јавуваат атинските медиуми.

Би можело да ве интересира

64-годишен маж намерно запалил нива покрај стариот пат Штип – Кочани

Пожар во Љубљана, повредени се 11 лица

(ВИДЕО) Во Москва гори двокатна деловна зграда, евакуирани 300 луѓе

Горан Наумовски

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Бројот на загинати во шумските пожари во Лос Анџелес се искачи на 28

Тело на маж е пронајдено во запалена куќа