Пожар на островот Тасос

Од:

Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот.

Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница.

Засега ниту едно населено место не е погодено од пожарот.

Во Грција активни во моментот се четири пожари вклучително на островот Евија, во реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива. Пожарот што е активен во близина на грчкиот главен град од неделата е делумно локализиран, соопштија властите

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес