Пожар на Кефалоња, превентивно евакуирано село

Од:

Превентивно е евакуирано селото Капандрити на грчкиот остров Кефалоња, поради шумскиот пожар што избувна денеска, а противпожарните служби интервенираат со седум авиони, два хеликоптери, 38 пожарникари со осум возила и три пешадиски тима.

Според локалните медиуми, огнените јазици стигнале и до дворовите на дел од куќите, а градоначалникот на конкретниот дел од островот Теофилос Михалатос за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека пожарот е опасен поради силниот ветер и високите температури, а евакуацијата на селото била превентивна по препорака од началникот на противпожарната служба.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека на островот со брод пристигнуваат 14 пожарникари со седум возила од соседните градови Патра и Килини, за да помогнат во гаснењето на пожарот, што сè уште не е ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски