Голем пожар од синоќа беснее во реонот на местото Алепохори во близината на грчкиот главен град Атина.
Како што објави електронското издание на весниот „Та Неа“, пожарот зафатил шумски регион и засега продолжува да се шири.
Во гаснењето на огнот се вклучени над сто пожарникари и неколку десетици доброволци и војници.
Во исто време, во текот на ноќта противпожарните екипи успеале да го локализираат пожарот што дивееше на планината Парнет.