Повторно приведени две групи Сиријци кои се обиделе илегално да транзитираат низ Бугарија

Од:

Две групи мигранти денеска се откриени и приведени при обид илегално да ја преминат бугарската граница, јави дописникот на МИА од Софија.

Во близина на бугарско-турската граница, кај Малко Трново, на пат кон Бургас, приведени се 50 лица, меѓу кои и млади жени и деца, кои рекоа дека се Сиријци. Тие тврдат дека нивната крајна дестинација е Германија, а за патувањето платиле по 2.500 евра по човек.

Исто така, минибус со 40 илегални мигранти од Сирија имаше сообраќајна несреќа во Костинброд недалеку од Софија. Возачот се обидел да побегне, но по кратка потера бил уапсен.

Приведените мигранти ќе бидат сместени во специјализирани центри каде ќе се проверува нивниот идентитет и националност и ќе им биде пружена помош.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски