Повторно демонстрации, грчкиот Парламент ќе гласа за буџетот

Од:

Грчките пратеници  ќе го гласаат буџетот, а надвор граѓаните ќе демонстрираат.

Двата главни синдикати се против рестриктивниот буџет кој предвидува строги мерки наштедење.

Владата, предводена од  Андонис Самарас, има мнозинство од 169 пратеници во 300-члениот парламент.

„Целта ни е, по толку години рецесија, во 2013 година да постигнеме суфицит, што се предвидува да изнесува 800 милиони евра или 0,5 проценти од БДП“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

Тој нагласи дека „2013 година ќе биде клучна за грчката економија“.

На утрешната средба на Еврогрупата треба да биде донесена одлука дали на Атина ќе и биде доделана следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди долари со кои земјата ќе избегне банкрот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он