Народната пратеничка на Српската напредна странка – Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар во моментот кога насилната опозиција почна да создава хаос во Собранието, а денеска нејзината состојба се влоши.
Како што пишува српски „Информер“, повредената пратеничка Јасмина Обрадовиќ доживеала компликации кога станува збор за нејзината здравствена состојба. Таа се уште е во животна опасност.
Српските медиуми пишуваат дали опозициска елита во Србија чувствува одговорност за она што вчера се случи во Собранието.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за здравство Златибор Лончар синоќа повторно ја посетија пратеничката Јасмина Обрадовиќ во Клиничкиот центар на Србија.