ОН повикаа на обнова на мировните преговори за Кипар

Од:

Советот за безбедност на ОН синоќа ги повика двете заедници на Кипар да ги возобноват преговорите за мир на островот, кој е поделен на грчки и турски дел од 1974 година.

– Советот апелира до страните да покажат вистинска политичка волја и одговорност и да ги направат неопходните компромиси за обединување на Кипар, изјави специјалната претставничка на ОН, Елизабет Спехар по седницата на Советот за безбедност посветена на Кипар, што се одржа зад затворени врати.

Таа нагласи дека кипарските Грци и Турци треба јасно да се ангажираат со ОН и да го искористат постигнатиот напредок за решавање на кипарското прашања со создавање на федерација на две заедници.

Спехар информира дека Советот за безбедност го поздравил и именувањето на Џејн Хол Лут за консултантка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за решавање на кипарскиот проблем. Хол Лут е висока претставничка на ОН и поранешна американска потсекретарка за национална бебзедност.

Мировните преговори за Кипар пропаднаа пред една година, а Хол Лут сега ќе има задача да утврди дали има услови за нивна обнова, поради што следната недела ќе отпатува во Никозија.

На Кипар е распоредена мировна мисија на ОН од околу 900 војници, чиј актуелен мандат истекува на 31 јули. Мисијата на Кипар ги чини ОН над 50 милиони долари годишно.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот