Повеќето бегалци во Идомени станаа илегални мигранти

Од:

Повеќето бегалци заглавени во Идомени немаат валидни документи затоа што нивната важност е истечена, соопшти грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, јави дописникот на МИА од Атина.

– Документите на 70 отсто од луѓето во Идомени, што ги добиле кога биле регистрирани, веќе се истечени, изјави тој и додаде дека ако полицијата ги провери десетте илјади мигранти кои се во кампот, повеќето од нив можат да бидат уапсени како илегални мигранти.

– Она што го велиме е дека ако тие се преместат во други кампови низ земјата, нивните документи автоматски ќе бидат обновени, рече Музалас.

Некои грчки медиуми, повикувајќи се на владини извори, јавија дека евакуацијата на мигрантите од Идомени би можела да почне за две недели, кога ќе бидат подготвени центрите за сместување.
Според договорот постигнат со Европската унија во октомври минатата година, на Грција и беше даден рок до крајот на годината да создаде центри за сместување на 50.000 мигранти, но Атина досега не успеа да го спроведе договореното.

– Вистината е дека ние се уште не сме во можност да ги префрлиме сите овие луѓе во организирани центри, соопшти претставник на грчката полиција додавајќи дека планот за евакуација може да оди напред ако се има потребната инфраструктура.

Сепак, проблемот со истечени документи не е само во Идомени, туку и во камповите во близина на Атина и Солун, кои се единствените места каде што мигрантите можат да поднесат барања за азил.
Музалас пред некој ден изјави дека договорот помеѓу ЕУ и Турција за запирање на приливот на мигранти во голема мера зависи од способноста на властите да ги процесираат илјадниците барања за азил. Има најави дека од 23 мај посебна мобилна единица ќе се движи од камп до камп со цел да се обработат што поголем број барања за азил.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски