Повеќе од сто осомничени опфатени со истрагата во БиХ поврзана со апликациите „Скај“ и „Аном“

Од:

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска потврди дека повеќе од сто осомничени од 14 различни агенции – полицајци, адвокати, па дури и судија и обвинител – се предмет на истрага во врска со апликациите „Скај“ и „Аном“.

„Досега има повеќе од сто осомничени лишени од слобода или приведувани изминатите 16 месеци, од кои 14 се од различни полициски и агенции за спроведување на законот (ДКПТ, МВР на РС, Гранична полиција, МВР, ОСА) двајца адвокати, судија од Судот на правдата во Бјелина, поранешен советник во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина“, соопшти Обвинителството на БиХ.

Обвинителството потсети дека токму поради односните случаи Дисциплинскиот обвинител ја суспендираше обвинителката Дијана Кајмаковиќ.

Поднесени се две обвиненија (Далибор Раилиќ и др., Ратковиќ Саша и др.), а се очекува во наредните месеци да бидат покренати обвиненија за неколку случаи“, заклучуваат од Обвинителството на БиХ.

Последната информација што се појави во јавноста е дека е сменета шефицата на контактното место за ЕВРОПОЛ за Босна и Херцеговина, Споменка Маркуљ, а нејзината замена е поврзана со случаите „Скај“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски