Околу 60 проценти од Грците стравуваат дека во следните 12 месеци ќе останат без работа, покажа анкета што за спроведе агенцијата „Марк“ за грчката телевизија Алфа, јави дописникот на МИА од Атина.
Вкупно 45,8 од Грците сметаат дека земјата на крајот ќе го напушти еврото и ќе излезе од еврозоната, додека 47,5 мислат дека ќе остане во зоната на заедничката европска валута.
Според друго испитување на јавното мислење што го спроведе агенцијата „ЏиПиО“ многу е паднат процентот на Грците кои сметаат дека земјата треба да остане во еврозоната „по секоја цена“.
Сега тој процент иснесува 62,7, наспроти 80,9 во јуни. Овие резултати покажуваат растечки евро-скаптицизам меѓу Грците затоа што само до пред неколку месеци големо мнозинство од нив сметаа дека земјата треба да остане во еврозоната.