Повеќе од 60 јавни личности бараат од опозицијата потпишување на Договор за одговорна Србија

Од:

Повеќе од 60 јавни личности, кои пред две недели испратија апел за одговорност до опозициските партии, подготвија предлог Договор за одговорна Србија и го доставија до опозициските партии со демократска и граѓанска ориентација, јави дописникот на МИА од Белград.

Потпишување на Договорот е закажано за четврток 17 февруари на состанок на кој покрај иницијаторите ќе учествуваат Горан Марковиќ, Весна Ракиќ Водинелиќ, Дубравка Стојановиќ, Тамара Трипиќ, Раде Радовановиќ, Александар Баучал, Драгољуб Бакиќ и Дејан Атанацковиќ.

Според соопштението, поканата за потпишу вање на Договорот е испратена до партиите од демократската опозиција, пред се до оние кои јавно и недвосмислено го поддржаа Апелот: Коалицијата Мораме, Партијата за слобода и правда (ССП), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Граѓанскиот демократски форум, Нова партија, Демократската партија (ДС), Народна партија(НС) и Социјалдемократската партија.

-Поаѓајќи од фактот дека на Србија не и е потребна само промена на власта, туку и преземање одговорност за нови политики кои подготвено ќе се соочат со наталожените проблеми, со апсолутна поддршка за излагање на опозицијата во неколку програмски колони и уверување дека политички и вредносно средните колони имаат големи шанси за изборен успех, ние, долупотпишаните, сметаме дека е потребно усогласување на принципите кои стојат над специфичните програмски и теснопартиски цели, а кои суштински ги обединуваат сите демократски сили во борбата против единствениот противник – владејачкиот режим, се навдува во соопштението.

Апелот до партиите на проевропската демократска опозиција беше испратен на 27 јануари, а потоа беше потпишан од 51 јавна личност, а нивниот број во меѓувреме се зголеми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија