Потврден првиот случај на омикрон во Грција

Од:

Грција го идентификува првиот случај на Ковид-19 предизвикан од варијантата омикрон, објави денес министерот за здравство, Танос Плеврис.

Инфекцијата е потврдена во Ханија, Крит, кај грчки државјанин кој се вратил од патување во Јужна Африка.

Теоклис Заутис, шефот на Националната организација за јавно здравје (EODY), рече дека човекот долетал на Крит на 26 ноември и поминал брз тест за антиген на аеродромот кој се покажал негативен.

Вториот тест следниот ден, откако патникот развил благи симптоми на Ковид – 19, повторно бил негативен. Инфекцијата ја потврдил третиот тест, направен на 29 ноември. Здравствените власти денес потврдија дека тоа е варијантата омикрон.

Заутис изјавил дека лицето останува во карантин. Лицата со кои бил во контакт се тестирани и имаат негативни тестови.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина