Потресни зборови на грчките лекари: „Не можеме да идентификуваме некои жртви, телата се искасапени“

Од:

Во сударот на два воза во Грција животот го загубија најмалку 38 лица, а лекарите велат дека не можеле ниту да идентификуваат неколку жртви, бидејќи телата биле осакатени.

Телата на жртвите се пренесени во одделот за форензика во Лариса, а лекарите велат дека сцените се страшни.

Рубини Леонтари, директор на форензичкиот оддел и неговите колеги моментално се во главната болница во Лариса.

„Ова е страшна трагедија. Ние сме во процес на идентификување на жртвите од железничкиот судир кај Темпи. Тоа е болен процес, кој бара време. Неверојатно е тоа што се случи“, вели Леонтари.

Тој вели дека неговиот тим прави се за да ја забрза работата, но стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

„Постојано сме во контакт со Министерството за правда, во контакт сме со болницата, надлежните во Министерството за здравство, полицијата која работи со нас на оваа трагична задача за идентификација. Ова е болно и за семејствата и за нас. Почнавме со обдукцијата и работиме да направиме се што е можно поскоро што е можно повеќе за да можат семејствата да ги земат телата на своите најблиски“, рече Леонтари.

Леонтари вели дека седум тела биле искасапени и осакатени до непрепознатливост.

„Најтешко е кога членовите на семејството доаѓаат да го идентификуваат телото“, рече тој.

Тој посочува дека меѓу жртвите нема деца, но додава дека жртвите биле претежно млади луѓе, студенти.

„Во некои случаи ќе треба да чекаме ДНК да се идентификуваат загинатите“, рече докторот.

Да потсетиме, судирот на патнички и товарен воз се случи во вторникот нешто по 23 часот. Според првите информации, во патничкиот воз имало околу 350 патници и 20 членови на екипажот. Во тек е истрага за да се утврди како двата воза, кои се движеле во различни правци, завршиле на иста пруга.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски