Потресни слики: Одбојкарот Кобиљски го залепи некрологот за убиената ќерка на вратата од училиштето

Од:

Белграѓани продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Една од жртвите е ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој во училиштето дојде со сопругата. Кобиљски го залепи некрологот на вратата од училиштето и без збор продолжи со сопругата која цело време го држеше за рака.


Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград.

Трагедијата во училиштето во Белград се случи вчераоколу 8 часот и 40 минути кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во седмо одделение, уби осум ученици и чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.

Веднаш бил уапсен, а потоа беше приведен и татко му. Убиецот го зел пиштолот од сефот на неговиот татко. Покрај пиштолот, Кецмановиќ на училиште донел и четири молотови коктели. На местото на злосторството, полициски службеници пронашле 57 чаури, шест куршуми и четири рамки.

Животот на две деца се уште е во опасност.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски