Потресна приказна: Ги изгубил жената и синот, но со денови спасува други животи

Од:

Дваесет и петгодишниот Слободан Недељковиќ Џамбо, кој во 1999 година како бегалец-сирак од Косово дошол во Обреновац, во поплавите ги изгуби својата сопруга и двегодишниот син, но се уште има сили и спасува животи, пренесуваат медиумите.

Кога настапиле поплавите, тој своето семејство го однел кај родителите на сопругата, со надеж дека таму ќе бидат безбедни.

Поради поплавата тие биле принудени да се качат на покривот, по што никој не знае каде завршиле.

Недељковиќ се обидел да ги пронајде во прифатните центри во Белград, но за жал се уште нема никаква трага од нив.

-Сега им помагам на другите со надеж дека ќе ги најдам нивните тела, барем да ги погребам како што доликува- изјави овој млад човек, кој со денови се бори со водената стихија и им помага на своите сограѓани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор