Потомок на Романови во трката за претседател на Србија

Од:

Даниела Сремац, претседател на Српскиот институт во Вашингтон ја објави својата кандидатура за претстојната претседателска трка во Србјиа.

Таа е родена во Србија, живее и работи во САД, а има руско потекло.

-Горда сум на моето руско потекло, со оглед дека мојата прабаба Марија Романов, е ќерка на генералот Георги
Романов кој е познат по тоа што изградил неколку цркви во Војводина, изјави таа.

Таа себави со пишување, сликање (изложени 160 слики) студирала клавир и флаута, а за американскиот пазар издала и албум “Духот на Балканот“. Имала и над 250 настапи во дебатни емисии на медиумите во САД.

-Сметам дека сум во голема предност што сум ново лице и не сум вплеткана во политичкиот неред во Србија. Треба сиот неред да се согледа со сосема нов и свеж пристап. Во новата вашингтонска администрација имам многу контакти кои можат да и помогнат на Србија, рече кандидатката за нов српски претседател.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации