Потами: Одлуката за предвремени избори е трагичен избор за Грција

Од:

Одлуката на премиерот Алексис Ципрас за предвремени избори е „трагичен избор“ за Грција, изјави лидерот на партијата Потами, Ставрос Теодоракис.

– Ципрас имаше решенија. Толеранцијата на опозициските партии, и поддршката во парламентот секогаш кога му беше потребна му даде можност да владее се додека не се стабилизира проблематичната економија, истакна тој.

Теодоракис го обвини Ципрас дека се обидува да добие поддршка од народот пред да се видат последиците од неговите грешки на есен.

– Изборите што ќе се случат во септември ќе го чинат многу грчкото општество. Нови исклучувања, невработеност, несигурност, индивидуалци и фирми ќе се селат во странство. Сето ова сепак, е од мала важност за луѓето од партиските механизми. Тие се грижат за создавање трикови со кои ќе се продолжи нивната моќ и привилегии. И тие мислат дека пронашле уште еден. Но, не се во право. Грчкиот народ сфати дека државата нема да се движи напред со лаги и неодговорно однесување, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит