Секое продолжување на политичката нестабилност после 26 јануари ќе биде штетно за земјата, изјави лидерот на „Потами“ Ставрос Теодоракис синоќа во Јанина.
– Политичките превирања ги доведоа банките и економија на работ и секое продолжување на политичка нестабилност после понеделник ќе биде криминал за земјата, рече Теодоракис.
Одговарајќи на новинарски прашања, лидерот на „Потами“ истакна дека неговата партија ќе стори „се што е потребно за да нема избори по изборите“, и ги повика луѓето да и веруваат на неговата „вистинска европска партија“.
Обраќајќи им се на неопределените, Теодоракис рече дека некои од нив ќе гласаат за „Потами“, и истакна дека е „трагично, неприфатливо, недемократски и против еднаквоста пред законот“ тоа што Владата ги заборави 18-годишните Грци, осврнувајќи се на младите кои само што наполниле 18 години, но не се регистрирани за гласање.