„Потами“ иницира гласање недоверба за претседателката на грчкиот Парламент

Од:

Опозициска партија „Потами“ изготви предлог со барање интерпелација на претседателот на Собранието Зои Константопулу, кој е испратен до пратеничките групи на другите опозициски партии, со исклучок на Златна зора, јави дописникот на МИА од Атина.

Иницијативата за телевизијата Мега ја откри пратеникот на „Потами“ Јоргос Амирас, тврдејќи дека Владата „не се осмели да го реши проблемот“.

Според Амирас, Константопулу „е првиот претседател на Претставничкиот дом во парламентарните историја што не ги извршува своите граѓански должности, туку политичките и оти ја крши суштината на Уставот“. Амирас истакна дека Константопулу го користи националното собрание, административниот персонал и телевизискиот канал на Парламентот за „лични стратегии, без одобрение на Владата, опозицијата и на грчкото општество“.

Би можело да ве интересира

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми