Постизборни калкулации во Софија, БСП би подржала влада предводена од Слави Трифонов

Од:

БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо Проданов.

Проданов ја потврди намерата на неговата партија да не ја поддржува владата на ГЕРБ во каква било форма. Според него, доколку е потребно, може да се оди и на нови избори во Бугарија.

Сите партии, со исклучок на „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, загубија на парламентарните избори во Бугарија.

Што се однесува до поддршката на БСП за претседателот Румен Радев за нов претседателски мандат на изборите на крајот на годината, Проданов кажа дека е речиси 99 отсто убеден дека членовите на БСП ќе ја поддржат сегашната претседателска двојка, бидејќи како што им се допаѓа работата на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, така им се допаѓа и работата на Румен Радев и Илијана Јотова.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки