Последиците од војната во Украина ги променија потрошувачките навики на Грците

Од:

Шест од десет Грци ги намалиле потрошувачката на електрична енергија и купувањето храна, а осум од десет „бркаат“ попусти и понуди во маркетите, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за малопродажба на стоки за широка потрошувачка на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Институтот коментираат дека постојат значителни промени во потрошувачките навики на граѓаните кои се припишуваат или на војната во Украина или на последиците од војната, односно зголемувањето на цените на производите и постои јасна тенденција на потрошувачите да заштедат пари при купувањето на основни производи.

Поконкретно, 79 отсто од анкетираните рекле дека кога пазаруваат бараат понуди и попусти во супермаркетите, со кои, според Институтот, заштедуваат над 13 отсто, а 74 проценти одговориле дека одбираат поевтини опции за купување производи.

За половина од анкетираните, односно за 52 отсто, основен критериум за избор на храна е цената и парите што ќе ги потрошат, а 27 проценти му даваат предност на квалитетот.

Потрошувачката на електрична енергија, 60 отсто од испитаниците рекле дека ја намалиле, а 61 отсто велат дека го намалиле целокупното купување производи.

Истражувањето било спроведено од 5. до 10 април годинава со вклучени 1.000 потрошувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната