Пораст на бројот на самоубиства во Грција поради мерките за штедење

Од:

Мерките на штедење кои се спроведуваат во Грција предизвикале раст на самоубиствата кај мажите, потврдува најновото истражување на британскиот Универзитет во Портсмут, пренесува албанската агенција Балкан веб.

Истражувањето потврдило дека 551 маж во Грција  си го одзел животот во периодот меѓу 2009 и 2010 година, што претставува речиси едно лице дневно.

– Имајќи предвид дека во 2010 година се регистрирани по две самоубиства дневно во Грција, се чини дека во 50 проценти од овие случаи причините се мерките за штедење”, -стои во истражувањето.

Авторите на истражувањето навеле дека не забележале зголемен број самоубиства кај жените во Грција.

Според истражувањата најпогодени од овој феномен се мажите на возраст од 45 до 89 години, поради скусувањето на платите или пензиите.

Во целина, од почетокот на економска криза се забележува раст на самоубиствата во цела Европа, но најмногу такви случаи се регистрирани во Грција, каде што економско финансиската ситуација е најтешка.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица