Поранешниот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба Кирчо Киров денеска е обвинет за голема проневера.
Воениот обвинител во Софија тврди дека Киров проневерил речиси 2,5 милиони евра од јавни фондови за време на пет години, заклучно со 2011 година.
Според обвинението, Киров проневерата ја извршил со поднесување на над 1.000 лажни документи за непостоечки службени трошоци.
Доколку биде обвинет, Киров би можел да добие затворска казан до 20 години.