Виктор Понта, поранешниот романски премиер, добил српско државјанство, известија српските медиуми. Тој беше премиер на Романија од 2012 до 2015 година, кога мораше да се повелече поради политичка криза, како и смртоносниот пожар во ноќен клуб во Букурешт.
Понта е поддржувач на приемот на Србија во ЕУ, а присуствуваше и на експозето на Александар Вучиќ во српскиот парламент во 2016 година, кога тој по втор пат беше избран за премиер на Србија.