Поранешниот кипарски претседател Димитрис Христофиас од владата ќе добие блиндиран „БМВ“ вреден 43.000 евра

Од:

Кипарските даночни обврзници ќе дадат над 43.000 евра за нова лимузина за поранешниот претседател Димитрис Христофиас, соопштуваат кипарските грчки медиуми.

Според информација на весникот „Филелефтерос“, Министерството за финансии побарало од парламентот под итно да се доделат пари за „БМВ 730“. Цената на оваа марка автомобили, во зависност од опремата, може да надмине 80.000 евра.

Возилото, избрано за Христофиас, е суперлуксузно и блиндирано. Претседателскиот автомобил „Мерцедес“, што беше користен за време на мандатот на поранешниот претседател, му е даден на обезбедувањето на актуелниот шеф на државата Никос Анастасијадис.

Парламентот вчера не го одобри овој трошок, но се очекува тоа да се случи следната недела. Весникот „Алитија“ посочува дека Јоргос Пердикис од Движењето на еколози побарал да се укинат сите привилегии за поранешните претседатели на Кипар, како што се возила со возач и секретар.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ