Поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ формира политичка партија

Од:

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ формира партија Напред Хрватска – прогресивен сојуз.

Тој на денешното основачко собрание истакна дека ќе се бори за напредок, кој ќе овозможи економски пораст, работни места и пристоен живот за секој човек, јави Хина.

Јосиповиќ посочи и дека новата партија ќе се залага за обрзована, претприемачка, демократска, еколошка и меѓународно афирмирана Хрватска, како и за социјална правда и економски пораст, регионализација и децентрализација на земјата, како и за изборни реформи.

Новата партија веднаш ќе стане парламентарна бидејќи меѓу основачите е и пратеникот Јосип Крегар.

Јосиповиќ наведе дека очекува Напред Хрватска – прогресивен сојуз да има добар успех на претстојните парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски