Поранешниот грчки премиер Караманлис го продаде станот во центарот на Атина

Од:

Погоден од кризата поранешниот грчки премиер Костас Караманлис го продаде „историскиот“ стан во елитниот атински кварт Колонаки, кој долго време беше и политичка канцеларија на неговиот татко Алекос Караманлис, објави „Етнос“.

Весникот наведува дека станот е продаден откако Караманлис ја намалил цената од 900.000 на 700.000 евра.

Станот во центарот прво бил користен како политичка канцеларија на Алекос Караманлис, татко на поранешниот премиер и брат на покојниот државник и основач на Нова демократија Константинос Караманлис. Во зимата 1997 година од тој стан почнала кариерата на Костас, кога бил избран за лидер на партијата, а седум години подоцна и за премиер.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција