Поранешниот грчки министер Акис Цохаѕопулос осуден на 20 години затвор поради перење пари

Од:

Судот во Атина денеска го осуди поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос на 20 години затвор поради перење пари, по петмесечното судење во најголемиот корупциски скандал во Грција.

Цохаѕопулос, кој беше важна фигура во поранешната Влада на социјалистите, е прогласен за виновен заедно со уште 16 од вкупно 18-те негови соработници, кои беа обвинети во рамките на оваа афера. За виновни се прогласени и неговите сегашна и поранешна сопруга, како и ќерката.

Поранешниот министер, како и членовите на неговото семејство и соработниците, минаа речиси една и пол година во притвор.

Во април судот го осуди Цохаѕопулос (73) на осум години затвор поради поднесување лажни извештаи за имотот. Исто така, е наредено конфискување на неговата луксузна вила во центарот на Атина.

Тој е прогласен за виновен во случајот со корупција при набавка на воена опрема.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица