Поранешниот грчки министер Акис Цохаѕопулос прогласен за виновен за корупција

Од:

Судот во Атина денеска го прогласи поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос за виновен за перење пари, по петмесечното судење во најголемиот корупциски скандал во Грција.

Цохаѕопулос, кој беше важна фигура во поранешната Влада на социјалистите, е прогласен за виновен заедно со уште 16 од вкупно 18-те негови соработници, кои беа обвинети во рамките на оваа афера. За виновни се прогласени и неговите сегашна и поранешна сопруга, како и ќерката.

Поранешниот министер, како и членовите на неговото семејство и соработниците, мина речиси една и пол година во притвор. Изрекувањето на пресудата се очекува утре.

Во април судот го осуди Цохаѕопулос (73) на осум години затвор поради поднесување лажни извештаи за имотот. Исто така, е наредено конфискување на неговата луксузна вила во центарот на Атина.

Тој е прогласен за виновен во случајот со корупција при набавка на воена опрема.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит