Поранешниот албански претседател Илир Мета обвинет за корупција и перење пари

Од:

Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, денес беше официјално обвинет за корупција, перење пари, даночно затајување и криење имот од властите, изјави неговиот адвокат.

Адвокатот Кујтим Чакрани им изјави на новинарите дека обвинувањата против Мета се изнесени во извештајот на антикорупциските обвинители, кој има 192 страници.

Обвинителите се дел од Специјалната структура против корупција и организиран криминал, задолжени за случаи во кои се вклучени високи политички и државни функционери.

Мета, 56-годишниот основач на левичарската Партија на слободата, кој беше уапсен во октомври, напиша на Фејсбук дека „едвај чека да започне судењето кое ќе му покаже на светот“ дека Специјалната структура е „кукла на премиерот Еди Рама“ и неговата „оперативна група против опозицијата“.

Социјалистичката партија на Рама оствари убедлива победа на парламентарните избори на 11 мај, освојувајќи 83 од 140 места во парламентот.

Мата, претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, се соочува со казна затвор до 12 години доколку биде осуден.

Неговата поранешна сопруга Моника Криемади, пратеничка и поранешна лидерка на Партијата на слободата, беше обвинета за истите злосторства како и Мета. Уште две лица поврзани со случајот беа обвинети за перење пари и корупција.

Мета ги држеше речиси сите високи позиции во посткомунистичка Албанија – беше пратеник, министер за надворешни работи, министер за економија, трговија и енергетика, заменик-премиер, премиер, претседател на парламентот и шеф на државата.

Обвинителите го обвинуваат Мета за злоупотреба на своите овластувања како министер за економија, трговија и енергетика за да влијае врз разни зделки во кои тој и Криемади стекнале големи суми пари.

Покрај тоа, Мета не успеа да го оправда потеклото на приближно 460.000 долари што ги искористил за лобирање во САД. И Мета и Криемади се обвинети за купување недвижен имот со нелегално стекнати пари.

Албанија, која минатата година ги започна преговорите за членство со Европската Унија, беше погодена од корупција во посткомунистичката ера, што го поткопа нејзиниот демократски, економски и социјален развој.

Судските институции, создадени со поддршка на ЕУ и САД, започнаа неколку истраги против поранешни високи владини функционери под сомнение за корупција.

Би можело да ве интересира

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета: Да креираме стабилни перспективи за задржување на младите во регионот

А1он

Пендаровски – Мета: Деблокада на процесот и побрз почеток на преговорите на двете земји за влез во ЕУ

Мета го потпиша договорот за заеднички гранични контроли со Македонија

А1он

Мета: Бескрајно благодарен на срдечниот дочек на владиката Партениј и на бигорското братство