Поранешниот аеродром „Хеленикон“ во Атина ќе прерасне во светски туристички комплекс

Од:

Поранешниот аеродром во Атина и неговата крајбрежна зона, што пред извесно време му беа отстапени на меѓународен приватен конзорциум, се предвидува да се претвори во туристички центар од светска класа, со амбиција да привлекува по еден милион посетители годишно, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на авторите на проектот.

-Атина ќе стане првата европска престолнина која ќе има свој составен туристички комплекс, изјави Одисеас Атанасиу, генерален директор на грчката фирма „Ламда дивелопмент“.

Во зоната на поранешниот аеродром „Хеленикон“, на осум километри јужно од Атина, предвидено е да има хотели, атрактивни паркови, градини, културни центри, луксузни станбени згради, а истите може до 2025 година да обезбедуваат годишен принос од два проценти од БДП на Грција или помалку од четири милијарди евра, наведува компанијата „Ламбада дивелопмент“ во соопштение.

Фирмата, исто така, смета дека проектот до 2025 година ќе обезбеди приближно 50.000 работни места, 20.000 во фазата на градба и 30. 000 потоа.

За 915 милиони евра „Ламбада дивелопмент“, заедно со кинескиот холдинг „Фосун“ и фирмата од Абу Даби „Ал Маабар“, го добија тендерот, што беше објавен од грчката држава за приватизација на поранешниот аеродром, објектите „заборавени“  по Олимписките игри во Атина во 2004 година, крајбрежна зона со должина од 3,5 километри и пристаништето за јахти.

Продажбата треба да биде одобрена од Државниот совет. Издавањето на одобрението за градба треба да се обезбеди во следните две години, бидејќи во спротивен случај инвеститорите имаат право да се повлечат од проектот.

Градежните работи не се предвидува да почнат пред 2016 година.

Приватизацијата на „Хеленикон“ засега е една од најсериозните грчки приватизациски зделки, бидејќи земјата заостанува во програмата за приватизации, изготвена од меѓународните кредитори – ЕУ и ММФ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит