Поранешен новинар стана директор на грчката разузнавачка служба

Од:

Поранешниот новинар Јанис Рубатис е назначен за директор на грчката Национална служба за разузнавање (ЕИП) од страна на премиерот Алексис Ципрас, јави „Катимерини“.

Рубатис е роден во Јанина во 1948 година и има докторат по меѓународни односи од Универзитетот Џон Хопкинс.

Тој бил специјален советник на премиерот Андреас Папандреу за светски медиуми во 1981 година и бил владин портпарол во 19987 и 1988 година. Од 1994 до 1999 бил пратеник на ПАСОК во Европскиот парламент.

Во 1987 година Рубатис ја објавува книгата „Заплеткани мрежи: САД во Грција 1947-1967“ која е заснована на неговата докторска дисертација во која ги осуди американските власти и грчките повоени конзервативни партии за нивната соработка со американските тајни служби.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит