Порака од Ципрас за Денот на независноста на Грција

Од:

Грчката револуција од 1821 година е резултат на европската и грчката преродба и носител на современите вредности на слобода со социјална правда, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата порака за денешниот Ден на грчката независност.

– Во денешната борба во одбрана на универзалните вредности на човештвото, волонтерство и солидарност, особено во услови на досега невидена економска криза, луѓето покажуваат цврстина, достоинство, гордост и верба во својата сила, истакна Ципрас.

– Следната страница од нашата историја и припаѓа на нова Грција, ослободена од траумите од економската криза и старателството на кредиторите, модел за демократија, социјална солидарност и култура за цела Европа, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица