Поради неплатени сметки 1.000 домаќинства во Грција дневно остануваат без струја

Од:

По 30 илјади месечно, или илјада домаќинства и дуќани на ден остануваат без струја во Грција, поради неплатени сметки кон Националната компанија за електрична енергија.

Весникот „Имерсија“ пишува дека според последните податоци, долгот кон компанијата за струја изнесува 1,1 милијарди евра. Се работи за неплатени суми поврзани со специјалниот данок за недвижен имот кој Грците го плаќаат заедно со сметките за струја.

Новиот данок го воведе Владата во рамките на мерките за строги економии со цел излез на земјата од должничката криза.

Данокот варира во зависност од употребата, големината и реонот каде што се наоѓа недвижноста. Тој требаше да изнесува максимум 10 проценти по метар квадратен, но под притисок на кредиторите беше зголемен на 16 проценти. Новиот данок се наплаќа заедно со сметките за струја и на оние кои не го плаќаат им се запира електричната енергија. На должниците им се дава рок да ги платат сметките за струја.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски